Press "Enter" to skip to content

Велигденски празнувања во “Св. Петка“ во Рокдаел, Австралија (фотогалерија)

Почитувани Македонски православни верници и годинава нашиот Милостив Господ Бог не удостои да го дочекаме и прославиме Воскресението на Неговиот возлубен Син, Господ Исус Христос, ветениот Спасител на светот! На празникот Воскресение – Велигден, му претходеше шестнеделниот пост во кој завршува на празникот свечено Влегување на Спасителот во градот Ерусалим наречен Цветници. Последната, седма недела од Великиот пост е периодот на таканаречената Дтрастна седмица во која строго се пости заради претстојните страдања и смртта на Синот Божји Господ Исус Христос. Иако таа недела секојдневно се богослужи, посебно се одбележуваат светите богослужби во деновите: Велики Четврток, Велики Петок и Велика Сабота. Во овие денови на еден симболичен начин се одбележуваат последните настани од животот и спасоносната мисија на Синот Божји на земјата.Централен настан во календарот на Светата православната црква е Христовото Воскресение. На тој голем Велик ден, по смртта и три дневното престојување во гробот, воскресна Синот Божји, и како што се кажува на Светите Богослужби, “со смртта смрта ја победи, и на тие што беа во гробовите, живот им подари“.Со силна и неколеблива вера во Неговото Воскресение, како реки од жив народ се гледаше македонскиот благочестив православен народ во црквата Света Петка во Рогдајл. Оваа духовна пчела, полека, но сигурно си го прибира донеодамна растурениот народ од времето на управувањето на Митрополитот Петар. Благодарение што токму во овај период немаше рестрикции заради Ковид 19 вирусот, црквата веќе станува премала, особено за поголемите праници.Божјите дела и чуда се необични и неискаживи. Едно од најголемите чуда кое го направил Господ Исус Христос на земјата е воскресението на умрениот праведен четвородневен, Св. Лазар. Христос, во времето кога Лазар умрел, се наоѓал далеку од Ерусалим; стигнал во градот Витанија четири дена по неговата смрт; Им наредил на присутните да го оттргнат каменот од гробот; Христос слегува до Лазаревиот гроб; смело застанува пред смртта; со висок глас извикува: “Лазаре, излези надвор!“. Умрениот Лазар станува. Христос го воскресна Лазара од мртвите. Денот кога се празнува Лазаревото воскресение е Сабота пред Цветници и се вика Лазарева Сабота, а меѓу народот позната како “Лазарица”.Гласот за воскресението на Лазар се пренесува во Светиот град Ерусалим. Следниот ден Исус Христос влегува во Ерусалим. Но, овој пат не како непознат странец. По него одат многу луге од Витанија да посведочат за вистината. Во Ерусалим е пречекан најсвечено. Седнат на ослето, скромно и мирно, влегува во градот. Лугето трчаат, го опкружуваат од сите страни, сакаат што поблиску да го видат Месијата. Ги постилаат своите облеки пред Него. Тоа е најсвченото влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим, а настанот е наречен Цветници или Врбица. Но злобните еврејски старешини се состанале со книжниците, фарисеите, садукеите и старозаветните свештеници и конечно решиле да го осудат на најтешка смрт, со распнување на Крст! Синот Божји, Исус Христос, по свеченото влегување во Ерусалим, тргнува доброволно на страдање и распнување на Крст, заради спасени на светот.По распнувањето и смртта на крстот, погребението и тридневниот престо во гробот, во третиот ден, првиот од тогашната еврејска седмица, Христос Воскреснал! Да кажеме нешто накратко за значењето на деновите кои му претходеа на Воскресението:Велики Четврток е значаен ден од Страдалната седмица кога Господ ги востанови двете суштински тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (Причестувањето)(на Тајната вечера: “Земете, јадете, овае Телото Мое Кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е Крвта Моја Која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; се памти миењето на нозете на апостолите што го направи Сам: “Ако Јас, Господ и Учител ви ги измив нозете, тогаш сте должни и вие еден на друг да си ги миете нозете“. А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос во рацете на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дванаесетмината најблиски Христови апостоли и ученици.На Велик Петок пеење и читање на трите статии, симболично се одбележува и прославува Погребението на Спасителот Исус Христос, а со Неговата Плаштеница трикратно се обиколува Божјиот храм. Многубројните верници со наведнати глави траорно се молат и тажат, а на крајот се протнуваат под Светата Плаштеница при влегувањето во Храмот! Оваа страшна драма на Христовите страдања, распнувањето на крстот, смртта и погребението ке бидат завршени во Велика сабота во која Тој ќе остане во гробот, се до полноќ кога ќе се прослави Неговото Воскресение!Воскресението Христово призва и собра неброен народ околу нивната Духовна пчека црквата Света Петка во Рогдејл во Сиднеј. Токму на полноќ, после трикратното обиколување на црквата, свештеникот возгласи: “Христос Воскресе!” Од сите усти се возврати: “Навистина Воскресе!” Радосни и облагодатени, си го честитаа најголемиот празник, а мнозинството го дочека крајот на богослужбата и ја примија светата тајна причест.

Заради важноста на празникот, Христовото Воскресение се прославува три дена.

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »