Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 16.
Регистрирани се 714 оздравени пациенти, а од Битола се 49.
До сега во Битола има 6.186 лица кои биле или позитивни на ковод-19, а активни се 792 случаи.
Утрово бројот на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат во регионалниот Ковид центар во Битола е 72.
Пријавени се вкупно 24 починати лица, а 4 починати лица од Битола на возраст 72, 73, 81 и 82 години.
Направени се вкупно во Битола 109 ковид тестови, а преку ЦЈЗ Битола 62 и преку “Плодност“ 47 ковид тесторви.
Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 67612, активни 5916
Куманово 8607, активни 969
Прилеп 8210, активни 530
Тетово 7136, активни 507