Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 10.
Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од кои од Битола се 53.
До сега во Битола има 6.195 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 748 случаи.
Бројот на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат во регионалниот Ковид центар во Битола е 72.
Пријавени се вкупно 26 починати лица, а во вчерашниот број нема починати лица од Битола.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 57 и преку “Плодност“ 27 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.