Press "Enter" to skip to content

ЈП “Водовод“ доби нова цистерна за питка вода за случаи на непогоди (фотогалерија)

Во стопанскиот двор на ЈКП „Водовод“ Битола, денес беше промовирана новата  цистерна за обезбедување на технички исправна вода за пиење при случаи на непогоди за граѓаните на општините кои гравитираат на овој дел од регионот Битола, Могила, Новаци.Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на ЈП Водовод Битола Горан Козаров, директорот на Центарот за развој на Пелагониски плански регион Гого Видимче и грчкиот конзул во Битола Ахилеас Ракинас, присуствуваа на промоцијата на возилото.

–Набавката на цистерната се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програматата за прекугранична соработка со Грција Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Би сакал да потенцирам дека ова е важно за битолчани и понатаму преку прекуграничните соработки поддржани од ЕУ, партнерски со Грција но и со останатите соседи ќе го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните низ целата држава, рече Горан Милевски, министер за локална самоуправа. посочи Горан Милевски, министер за локална самоуправа.-Како претседател на Пелагонискиот плански регион, навистина ми е задоволство што го промовираме возилото кое што е од исклучителна важност, посебно затоа што е возило кое овозможува технички исправна вода за пиење во кризни ситуации. Кога на ниво на Пелагониски регион дискутиравме со градоначалниците, апсолутно не постоеше дилема дека вакво нешто треба да поддржиме, бидејќи во мирни околности треба да бидеме подготвени за кризни ситуации, за кои би сакала воопшто да немаме потреба да го користиме. Меѓутоа, ова мултифункционално возило нуди и други погодности, кои со успешно менаџирање ни даваат шанса максимално да се експлоатира. Ова е уште еден пример за успешна соработка со Република Грција и она што значат прекуграничните проекти за жителите на двете страни на границата и што значат европските перспективи кои што локалните и централните политики ги овозможиле, рече градоначалничката Наташа Петровска.Директорот на ЈКП Водовод истакна дека ова возило е премногу скапо да се купи со сопствени средства, бидејќи нема секојдневна применливост во работата, но има исклучителна примена во кризни ситуации.-Ова возило е премногу скапи да се купи со сопствени средства бидејќи нема секојдневна применливост во работењето на “Водовод“, но има исклучителна примена во кризни ситуации. Во апликација не бевме ограничени какво ќе биде возилото, па затоа возилото, е надоградено. Покрај вода за пиење во кризни подрачја е надоградено со противпожарен топ, со прскалки кои ќе користат за миење на улиците после одреден дефект, како и црево од 30 местри кое ќе ни биде корисно во некои работи. Возилото ќе биде наменето за цел регион, рече Козаров.-Главна цел на овој проект е заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечкиот фактор. Набавката на цистерната е една од примарните активности  во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа“, истакна Гого Видимче, директор на ЦРППР.Инвестицијата е во износ од 73.900 евра во кои Министерството за локална самоуправа учествува со 15% или 11.085 евра.-Мило ми е што сме дел од денешниот настан, претставување на мултифунционалното возило како дел од проектот кој е имплементиран од нашите две земји преку петте членови на проектот. Ова соработка на Пелагонискиот регион и регионот на Западна Македонија и е востинска врска која ги спојува нашите две земји да работат на нашата заедничка европска иднина, рече грчкиот конзул во Битола Ахилеас Ракинас.Со набавката на современо возило за техничка вода за пиење  се покрива потребата од вакво возило при непогоди, се исполнува одредбата од  член 10 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и се зајакнува системот за справување со непогоди на регионот

More from ВестиMore posts in Вести »