Press "Enter" to skip to content

Активности во црквата “Св. Петка“ во Рокдејл, Австралија (фотогалерија)

На 5-ти мај 2021 година, се постави новоизработената икона Тајната Вечера и во целост се докомплетира иконостасот на црквата “Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј, Австралија. Иконата е изработена од Димитриј и Кристина кои пред неколку години започнаа да ја зоографисуваат црквата.Поставувањето на иконата го направи мајстор Илија Ацевски со припомош на членовите од управата: Борис, Љупчо, Гоце, Кире и Илија. Инаку Ацевски има направено многу работи во делокругот на црквата.  Со поставувањето на оваа централна икона се докомплетира новиот иконостас.Наредниот ден – четвртокот на празникот Св. Георги Победоносец (6.5.2021) торжествено и со Воскресенска радост беше прославен споменот на светиот великомаченик Георгиј и беа пречекани неговите свети мошти кои благодарение на сестра Илијана игуменија на “Марковиот Манастир Св. Димитриј“ и на нашиот верник и ценет член на Црквата, Александар Младеновски, пристигнаа во нашата Црква.

Св. Георгиј бил родум од Кападокија од благочестиви родители. Татко му пострадал за Христа по што се преселиле во Палестина. Св Георгиј бил војник, а кога царот Диоклецијан почнал да ги гони Христијаните, Св. Георгиј истапил во нивна одбрана. Царот тогаш го фрлил во затвор и страшно го измачувал. Наместо да се откаже од Христа Свети Георгиј уште повеке верувал и се надевал на Христа и преку верата правел многу чудеса исцелуваќи луѓе и воскреснувајки мртовци. Гледајки ги овие чудеса многумина поверуваа во Христа дури и царевата жена Александра. Царот тогаш ги осуди на смрт и блажената Александра издивна уште пред да биде убиена. Свети Георгиј маченички пострадал во 303 година. Овој голем светител и денес врши многу чудеса за оние кои со вера го повикуваат неговото застапништво.На иконите св. Георгиј е претставен како војвода, како на коњ ја убива ламјата којашто се наоѓа под копитата на коњот. И во легендите се раскажува, а и во песните се пее дека светецот навистина ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Преку убиството на ламјата симболично е прикажан придонесот на светецот во борбата и победата над негативните демони.