Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температура до 25 степени

Денес, понеделник, 10 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата во Битола до 25 степени.

Утре, вторник, 11 мај, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи. Температурата во Битола до 27 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »