На 10 мај 2021 година С.Д. (25) од Битола пријави дека неговиот брат С.Т. (20), пред влез на кладилница лоцирана на ул. “Батаљон Стив Наумов“ во Битола, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.05.2021 на крстосницата составена од ул. „Партизанска“ и ул. „Студентска“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „дукати мултистрада“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 50 годишник од Битола и патничко возило „шкода октавија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 39 годишник од Битола. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.






