Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност

Денес, вторник, 11 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата во Битола до 27 степени.

Утре, среда, 12 мај, во Битола времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 26 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »