На 10.05.2021 на крстосницата од улиците „Македонски гемиџии“, „16-та“ и „Први Мај“ во Битола патничко возило „мазда“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 60 годишник од Битола удрило во велосипед, управуван од 78 од Битола.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.






