Press "Enter" to skip to content

Утре нема полициски час, од четврток од 24 до 4 часот, угостителски објекти ќе работат до 23,30 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 69-та седница донесе одлука забраната за движење, односно полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот како што беше досега, и да трае се до 4 часот наутро.

Инаку, по претходно донесената одлука на Владата на 27 април, исклучок од забраната за движење ќе има утре, односно од 12 кон 13 мај, за празникот Рамазан Бајрам.

Од Владата денеска посочија и дека угостителски објекти од утре, 12 мај ќе смеат да работат до 23 часот и 30 минути, но само во отворениот дел од објектите.

Истовремено, тие одлучија дека може да се организираат настани, согласно наменските протоколи, но само со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Со одлуката се зголемува и бројот на децата кои се згрижуваат во градинките, односно, наместо 15 деца, сега ќе може да се згрижуваат по 20 деца во една група. Вежбалните, фитнес центрите и теретаните пак, ќе може да отпочнат со работа во нивните објекти.

Од Владата истакнаа и дека на денешната седница е одлучено да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

Ваквите мерки, како што посочија оттаму, ќе важат до 18 мај.

More from ВестиMore posts in Вести »