Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола само 1 позитивен на ковид-19, оздравени 26, починати 2 лица, хоспитализитрани 33 пацинети

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19,  а само 1 позитивен од Битола.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од кои од Битола се 26.

Во Битола до сега има 6.258 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 419 случаи.

Утрово вкупниот број на хоспитализирани пациенти во Ковид центарот во Битола е 33.

Пријавени се вкупно 16 починати лица, 2 од Битола на возраст од 65 и 82 година.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 51, и преку “Плодност“ 56 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.

 
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68179, активни 2493
Куманово 8763, активни 519
Прилеп 8255, активни 301
Тетово 7185, активни 230
 
More from ВестиMore posts in Вести »