Истовремено како и во другите градови во државата, така и во Битола денеска, точно на пладне се одржа најавениот протест против најавените реформи во образованието.
Протестот беше организиран од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, а се одржуваше пред зградата на општина Битола, а овој протест беше и против најавата на министерката за образование, Мила Царовска, за дигитализацијата на учебниците.
На протестот, од страна на Никола Јовевски, наставник во основното училиште во село Кукуречани, беше речено дека тука се собрани како родители и дека не се ниту партиски поделени, ниту по вера, ниту по националност.
-Излеговме на протест против реформите на министерката Цароска, кои ќе го урнат целиот образовен систем. Протестираме за да се запре целосната дигитализација во образованието и целосниот нов концепт во основното образование.
Покрај во Битола протести се одржаа и во Свети Николе, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Македонска Каменица, Куманово и Радовиш.

Протест против најавените реформи во образованието пред Општина Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички





