Во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Битола се 7.
Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти од кои во Битола се 166.
До сега во Битола има 6.265 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 258 случаи.
Пријавени се вкупно 13 починати лица, две лица од Битола на возраст од 85 и 89 години.
Направени се ЦЈЗ Битола 86 и преку “Плодност“ 74 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.






