Press "Enter" to skip to content

Васко Ковачевски на конгресот на СДСМ избран за член на Извршниот одбор

На последниот 26. конгрес, кој се одржа вчера он-лајн, Васко Ковачевски од Битола е избран за член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Ковачевски е избран на предлог на претседателот, Зоран Заев, а го избраа членовите на Централниот одбор за член на највисокото извршно тело на СДСМ, кое брои 18 членови.

Васко Ковачевски е роден во Битола, дипломиран инженер по термо енергетика, а магистрирал менаџмент на човечки ресурси. Два мандати беше на чело на ОО на СДСМ од Битола од 2009 до 2018 година. Потоа во два наврати беше пратеник во Собранието во периодот од 2014 до 2018 година, а извршувал и други функции.  Ковачевски е моментов е генерален директор на АД ЕСМ.

Покрај Ковачевски, на 26. конгрес на СДСМ за членовите на новиот Централен одбор на партијата од Битола избрани се Емилија Костурска, Васко Колевски и Рула Чаламани од ЛК СДСМ Битола, Виолета Џима е избрана за член на Надзорниот одбор.
More from ВестиMore posts in Вести »