Press "Enter" to skip to content

Свлечиште на Пелистер, од автомобил спасени две лица, показна теренска вежба кај Инфо центарот (фотогалерија)

Денес, во националниот парк “Пелистер“,  поточно во близина на “Инфо центарот“ се одржа показна теренска вежба која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола, ја реализира во рамките на проектот: Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор” – J-CROSS, финансиски поддржан од ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА INTERREG – IPA CBC 2014-2020, рече директорот на ППР, Гого Видимче на денешната показна вежба.Главната цел на проектот е подобрување на заштитата на населението од елементарни природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор.Темата на денешната вежба беше: Свлечиште – Демонстрација на извлеквање на жртви при лизгање на земјиште” а целта на нејзиното одржување беше подигнување на свеста на релевантните чинители и населението од двата прекугранични региони за значењето на мерките за заштита од прирдони непогоди и непогоди предизвикани од човечки фактор, како и зголемување на готовноста за реагирање на населението и релевантните чинители при вакви или слични случаеви на итност.Сценариото беше развиено во согласност со спецификациите и целите детерминирани во проектот и истото ги опфати сите потребни елементи кои ја одсликуваат реалната ситуација на една ваква природна непогода односто лизгање на земјиште како и сите потребни мерки кои би се презеле во таков случај.Се работеше на симулација на спасување на две лица, кои се најдоа во автомобил кој беше “фатен“ во свлечиште. Со заедничка акција на ренџерите, спасувачите, пожарникарите и брзата помош беа “спасени“ повредените лица кои се најдоа во автомобилот.Најпрво ренџерите го исчистија теренот и направила коридор за спасување, потоа медицинските лица им дадоа прва помош на повредените, спасувачите на жичарата кои сами на направија ги извлекоа повредените, на кои им беше дадена прва помош во возилото на итната помош, а потоа беа пренесени до болница.Изведувач на вежбата беше “Пегаз Еду“, а нејзината организација и реализација беше во целосна координација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.Проектот Ј-CROSS e само уште една активност и заложба на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за унапредување на регионалниот развој и зајакнување на капацитетите на регионот за овој тип на заштита на населението и заштита од непогоди.

[ngg src=”galleries” ids=”716″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from ВестиMore posts in Вести »