Денес, среда, 19 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, четврток, 20 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 27 степени.






