Во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, од кои од Битола се 4.
Регистрирани се 197 оздравени пациенти од кои од Битола се 10.
Во Битола до сега има 6.275 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 208 случаи.
Бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното одделение во Битола е 28.
Пријавени се вкупно 17 починати лица, нема од Битола.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 81 и преку “Плодност“ 47 ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.






