Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнат 19 годишник, сообраќајни контроли 17 лица возеле без возачка

На 18.05.2021 во СВР Битола, Е.М. (19) од село Бистрица, битолско, пријавил дека бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за алкохол, брзина, поседување на возачка дозвола, некористење на сигурносен појас, користење на мобилен телефон при управување возило, техничка неисправност на возилата. Притоа, било констатирано дека 24 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената, 17 лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, еден возач управувал возило под дејство на алкохол и тој бил исклучен од сообраќај, нерегистрирани биле три возила, на телефон разговарале пет возачи, двајца возачи не користеле сигурносен појас, а неправилно паркирани биле 15 возила. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »