Press "Enter" to skip to content

Пелагонискиот плански регион организира предавање за справување во случај на земјотрес, поплава, свлечиште (фото)

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола, во винарија “Чифлик“ во Битола организира предавање на тема “Справување и препораки во случај на 
 елемнетарни непогоди, земјотрес, поплава и свлечишта.Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче, го отвори настанот и рече дека ова предавање е во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“, финансиран преку Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020.-Ме радува тоа што по една година работа и состаноци на Зум, сега сме сите заедно на отворено, секако со почитување на сите препора за заштита од ковид. Иако ова е последен настан од овој проект, од кој во понелделикот имавме теренска вежба, а претходно ја предадовме цистерната на ЈП “Водовод“ нема да прекинема со соработка, туку продолжува со нов проект кој веќе е одобрен, нагласи Видимче.Говорници на предавањето беа експерти од областа на превенција и заштита од поплави, свлечишта и земјотреси Проф. д-р Милорад Јовановски и Вон. проф. Д-р Александра Богдановиќ а истото имаше за цел  да ја информира јавноста за истражувањата на состојбите, како и начините за справување на засегнатите страни и институции во случај на било која од споменатите елементарни непогоди.

На предавањето учество зедоа претставници на засегнати институции и организации од регионот кои работат на темата за заштита и превенција од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор. 

More from ВестиMore posts in Вести »