Press "Enter" to skip to content

Мали ковид бројки во Битола, 1 нов позитивен, 1 одравен, хоспитализирани 26 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 3.487 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19, а во Битола регистриран е само еден позитивен.

Регистрирани се 89 оздравени пациенти од Битола е само 1.

До сега во Битола има 6.283 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 212 случаи.

На инфективното одделение во Ковид центарот во Битола вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат е 26. 

Пријавени се вкупно 15 починати лица, едно лице од Битола  на возраст од 61 година.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 61 и преку “Плодност“ 50 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 769.471 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.

More from ВестиMore posts in Вести »