Press "Enter" to skip to content

СВР Битола, повторно физички напад, сообраќајни контроли на пешаци и возачи

На 20.05.2021 во СВР Битола, Р.Ш. од Битола пријавил дека на ул. “Филип Втори Македонски“ бил физички нападнат од 59 годишник од  од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.05.2021 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 38 прекршоци и за сите нив се преземени соодветни мерки. Откриени биле и 18 други прекршоци.

На 20.05.2021 на подрачјето на СВР Битола извршиле контрола за алкохол, брзина, поседување на возачка дозвола, некористење на сигурносен појас, користење на мобилен телефон, техничка неисправност на возилата. Притоа, било констатирано дека 19 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената, нерегистрирани биле три возила, 14 лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, на мобилен телефон разговарале пет возачи, а двајца не користеле сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »