Во Битола, во организација на Федерацијата на планинарство, во хотелот “Молика“ на Пелистер, започна обуката за планинарски водичи за планинарење по лесни патеки во летни услови.
На обуката која ќе трае до 26 мај, учесници се 25 искусни планинари од планинарски клубови од Македонија и Црна Гора.
Ориентација, прва помош, употреба на ГПС технологија, психологија на водење, планинарска опрема, изработка на засолниште и преноќување, заштита на природата и многу пракса се дел од темите со кои кандидатите ќе стекнат дополнително знаење потребно за водење на планина.
По обуката кандидатите се здобиваат со звање планинарски водич во Категорија А1.

Вчера во хотелот “Молика“ кај Битола започна обука за планинарски водичи
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички





