Press "Enter" to skip to content

Тренинг семинар, Интегриран пристап за воспоставување на вредносен синџир за обновливи горива (фото)

Во ФИКТ во Битола, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во рамки на проектот “aGROWchain“ финансиран од Европската Унија, во рамките на Интеррег ИПА програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020“, организира online тренинг семинар на тема “Интегриран пристап за воспоставување на вредносен синџир за обновливи горива“.Тренинг семинар се одржа преку “зоом“ апликацијата, а беше директно ќе биде пренесуван и на “Facebook“ и “YouTube“, со намена да се вклучат директоно и сите земјоделци, институции и фирми кои генерираат и користат биомаса.Семинарот интегрира теми од повеќе области на користење отпадна биомаса во енергетиката и тоа:

-Што е отпадна биомаса, нејзините енергетски вредности и можности за користење во енергетиката,

-Економски и еколошки бенефити од користењето на отпадната биомаса – за производителот, крајниот корисник и посредникот.

-Технологии за преработка и користење на отпадна биомаса.

-Најдобри практики на користење на отпадна биомаса.Во рамките на семинарот беше промовиран и водич за локалните власти за поставување на вредносен синџир за обновливи горива, како и софтверот за поставување на вредносен синџир за обновливи горива “binter.MK“ развиен во рамките на проектот “aGROWchain“. Семинарот финализира со прашања, одговори и плодна дискусија на предметната тематика, помеѓу online присутните и експертите. 

More from ВестиMore posts in Вести »