Денеска се регистрирани 37 нови случаи на ковид-19, во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи, а во Битола не се регистрирани нови случаи.
Регистрирани се 69 оздравени пациенти од кои во Битола се 15.
Во Битола до сега има регистрирани 6.286 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 191 случај.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.
Пријавени се вкупно 15 починати лица од кои 3 лица од Битола на возраст од 70, 71 и 79 година.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 84 и преку “Плодност“ 78 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.






