Кошаркарскиот клуб Јуниор Баскет и ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола беа домаќини на претставници од Кошаркарската федерација на Македонија.
Во рамките на средбата која се одржа во Училиштети се потпиша меморандум за соработка со што тие се дел од проектот “Her world,her rules“ кој има за цел промоција на женската кошарка низ целиот свет.
Младите кошаркарки од Јуниор Баскет, како и учениците на ОУ “Св. Климент Охридски“ се дружеа со тренери на нашата репрезентација како и нашите репрезентативки Едина Муса и Елена Тасевска, единствена битолчанка, сега член на сениорската репрезентација на Македонија.
Прекрасен проект кој ќе трае наредните четири години, за кое време се надеваат дека ќе има голем број на нови средби, дружења и нови проекти.

КК Јуниор и “Св. Климент Охридски“ домаќини на кошаркарсакта федерација во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички





