Едно до најстaрите училишта во Битола ОУ “Св. Кирил и Методиј“ гордо го носи името на сесловенските просветители. Патрониот празник традиционално се одбележуваше со свечена приредба рецитал, хорски и други изведби на учениците од училиштето.
Оваа година заради почитуивање на мерките на заштита се сними видео спот кој ќе биде сведок за едно време кое го поминуваат учениците, наставниците во новата реалност. Во него учествуваат учениците од завршните одделенија 8 и 9 одделение членови на хорот и рецитаторската секција.
Видеото се снимаше на различни места во Битола со што стиховите посветени на браќата “Св. Кирил и Методиј“ кои учениците ги рецитираа беа силни и моќни. Прекрасната хорската изведба на француска песна се разлеа во градскиот парк на Битола. Видеото го осмисли Жанета Ристевска психолог во училиштето, а го сними тимот на “Creative production“ Битола.
Во хорската изведба учествуваа учениците: Дамијана Ристевска и Ана Котевска од 9-а, Бисера Пројковска, Ана Дабиќ од 9-б, Ана Наумова, Јована Неделковска,Теона Николовска, Ева Ѓорѓиевска, Сара Јордановска од 9-в одделение, Миа Поповска и Викторија Димитровска од 8-б одделение и Андреа Нешковска од 7-а одделение. Под менторство на Катерина Пејовска наставник по музичко образование.
Рециталот го изведоа Дамијана Ристевска, Таиса Трампевска, Томче Пецаковски од 9-а одделение, Јована Врњовска, Љубен Неделковски и Кристијан Костадинов Чагорски од 9-б, Лина Продановска, Михаела Лазаров и Ева Трпеновска од 9-б. Ментор Александра Упале наставник по македонски јазик.
Моќното видео на учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола ќе остане забелеажано и ќе биде трајна вредност кое ќе подсетува на прослава на патронен празник во услови на пандемија.






