Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на ковид-19, а во денешната статистика нема нови позитивни лица од Битола.
Регистрирани се 71 оздравени пациенти од кои од Битола се 8.
Во Битола досега има 6.286 лица од Битола кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 183 случаи.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.
Пријавени се вкупно 18 починати лица, а нема од Битола.
Вчера не беа правени ковид тестови во ЦЈЗ Битола и во “Плодност“.
Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.






