Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата над 30 степени

Денес, понеделник, 24 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 31 степен.

Утре, вторник, 25 мај, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност со дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 32 степен.

More from ВестиMore posts in Вести »