Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 2 нови позитивни на ковид-19, оздравени 4, хоспитализирани 18 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 2.

Регистрирани се 147 оздравени пациенти од кои од во Битола се 4.

Според министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти.

Пријавени се вкупно 14 починати лица, а во нив нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 48 и “Плодност“ 34 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.

More from ВестиMore posts in Вести »