Press "Enter" to skip to content

Мотивациски циклус

Во текот на нашиот живот сите имаме можност за доживување на состојба или услов да бидеме мотивирани или да имаме силна причина да делуваме и да постигнеме нешто во сопствените животи. Секој човек има личен поттик да постигне нешто повеќе во животот. Младината има силен мотив да учи нешто што е од нејзин интерес, нешто што ќе ја поттикне, заинтригира и инспирира. Возрасните имаат повторно мотив и поттик за подобар живот, дом, работна позиција, успех во кариерата. Компаниите имаат мотив за долгорочна заработка, добра котација на пазарот на капитал и долгорочен профит.

Причина за потребите, желбите и активностите на луѓето се вика мотивација.

Мотивацијата дава насока кон однесување на една идивидуа, позитивен набој и енергија која придонесува ние луѓето да сакаме да го повториме ова позитивно однесување.

Мотивациски циклус

Мотивацијата е исто така циклус, претставува транзиција од една во друга состојба во нашиот организам и во суштина значи задоволување на одредена потреба на една личност.

Секоја мотивација е сочинета од четири различни состојби кои се одвиваат во еден човечки организам и тоа со цел да се придвижиме кон одредена активност, акција. Акцијата се иницира поради одредена потреба која ја имаат луѓето. Оваа потреба не наведува да превземеме одредени активности во нашите животи. Во ситуација кога активностите во нашите животи се позитивни, а предизвикани од одредени ситуации и дејствија, се доведуваме во состојба која е поттикнувачка и не мотивира сите нас како личности да се придвижиме кон остварување на нашата цел.Сите имаме свој пат, своја цел. Која е целта и патот на успехот на секој од нас? Сами решаваме! Успехот не е случајност, тој секогаш претставува планиран пат!

Кога секој од нас ќе ја постигне посакуваната цел, ретко кога сакаме да застанеме таму. Најчесто после секоја реализирана цел сакаме да застанеме. Остварената цел не доведува до нови зададени цели. Амбициозните луѓе никогаш не се задоволуваат во животот со само една реализирана цел. Зошто е ова вака? Секоја нова зададена цел води кон следен мотив и ново активирање и наше придвижување во нови победи.

Со остварување на предвидените цели во нашите животи имаме потреба ова дејствие и чувство да го повторуваме и да продолжиме понатаму. Никој од нас не сака да сопре откако ќе постигне одредена цел. Ваквиот феномен е наречен мотивациски циклус.

ISBN 987-608-4880-04-2 Материјалот е авторски! Секое реобјавување мора да е во согласност со авторот каде јасно ќе биде ставен изворот на текстот.

Проект на Општина Аеродром и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Медиски партнер Битола Њуз. Фотограф на насловна фотографија: Горан Десковски, креатива на останата фотографиja ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.