Press "Enter" to skip to content

МОТИВАЦИЈА, информативна кампања за подигнување на мотивациска писменост

ПРОЕКТ: САМОДОВЕРБА, КОМУНИКАЦИЈА, МОТИВАЦИЈА

Почитувани читатели, во следниот циклус на објави ќе зборувам за мотивација како движечка сила и моќ на луѓето. Поттикната од секојдневните случувања во општеството се определив да говорам на оваа тема. Мотив ми беа луѓето кои се жив механизам и на кој им е потребно доза на човечност и емоционален импакт во период на започнување на социјализација после глобалната пандемија и Ковид-19.

На мое големо задоволство и овој пат нашиот медиски партнер е еден од најчитаните портали во регионот, тоа е порталот Битола Њуз. Веруваме дека со заеднички сили ќе допреме до голем број на граѓани кои имаат потреба од поголема доза на внатрешна и надворешна мотивација.

Поентата на овој проект е дека ќе треба да вложиме дополнителен напор за по завршувањето на глобалната пандемија да научиме нешто ново. Потребно ни е инспирација, желба, добра волја и мотивација. Проектот е перфектно конципиран и е наменет за млади но и за сите други категории на граѓани. Не е битно колку години имате, битно е да сакате да се надоградите и подобрите.Со финансиска поддршка на Општина Аеродром за потребите на младината како силен граѓански фактор изготвив поддршка во вид на публикација и тоа за средношколци, студенти и младинци до 29 години со цел поддршка и помош во сегментот на неформално образование и тоа за личен раст и развој насловена како САМОДОВЕРБА, КОМУНИКАЦИЈА И МОТИВАЦИЈА. Публикацијата ќе биде достапна за јавност по завршување на овој проект. Верувам дека ќе придонесеме кон квалитетно градење на капацитетите на граѓаните за подобар живот и разбирање во заедницата, работата и семејството како и подобра можност за квалитетна комуникација и изразување.

Секој од нас е потребно да си ги подобри своите способности, без оглед на тоа колку години има. Важно е да има желба, мотивираност и да направи план за како тоа што поскоро да го имплементира во својот живот. Ова пред се прво за себе, а потоа и за општеството.

Нашата мотивација за оваа клучна цел е да ги поттикнеме поединците кои се вон или во карантин, самоизолација и сите останати заинтересирани млади и возрасни граѓани. Со наша поддршка и помош ментално да се активираат, да се смират, фокусираат и да ги остварат своите потенцијали. Кратко кажано да се носат со нормалниот животен стрес предизвикан од пандемија и да можат и покрај тоа да работат продуктивно на себе.

Оваа активност е дел од проектот кој го носи истото име САМОДОВЕРБА, КОМУНИКАЦИЈА И МОТИВАЦИЈА, а го започнавме на територија на Општина Аеродром, Скопје. Секако несебично би сакала да ги споделам искуствата и информациите кои ќе им користат и на сите останати млади кои спаѓаат во оваа категорија но и сите други кои не се опфатени, а имаат желба, мотив и отворен ум да прочитаат и добијат информација повеќе.

За тоа што значи мотивација, каква е улогата на мотивацијата, зошто е важно еден човек да е мотивиран, какви видови на мотивација постојат, како младите и возрасните да се мотивираат и многу други корисни информации ќе можете да проследите во следниот циклус на објави.

Крајната цел  на овој проект е ние како граѓанска организација да дадеме придонес во општеството и вас да ви помогнеме кон подобрување на креирање сопствено квалитетно психичко и ментално здравје кое е дел од општото здравје. Здраво граѓанско општество значи и здрава држава.

Во името на тимот на ЕУ ИНСТИТУТ СкопјеБитола Њуз, Општина Аеродром и свое лично име ви посакуваме позитивна енергија, добра мисла и мотивираност.

ISBN 987-608-4880-04-2 Материјалот е авторски! Секое реобјавување мора да е во согласност со авторот каде јасно ќе биде ставен изворот на текстот.

Фотограф на насловна фотографија: Ана Симоновска, креатива на останата фотографиja ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.