На 29.05.2021 околу 23.10 часот во СВР Битола било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Цане Василев“ во Битола едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.05.2021 во 15.40 часот во СВР Битола, Л.З. (48) од Битола пријавила дека 22 годишна девојка од Битола физички ја нападнал нејзината 17-годишна ќерка. Истиот ден во 15.50 и 16.10 часот во СВР Битола, две лица на 18 години од Битола пријавиле дека во куќа во село Нижеполе биле физички нападнати од 22 девојка од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
На 30.05.2021 во 03.15 часот СВР Битола, М.К. од Битола пријавил дека на 29.05.2021 околу 23.15 часот на ул.„Козјак“ тој и уште две лица биле физички нападнати од две лица од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.05.2021 во 02.30 часот во СВР Битола, Ф.С. од Битола пријавил дека околу 01.30 часот во двор од викендица во село Нижеполе, додека бил со неговата девојка, бил физички нападнат од неколку лица, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






