Битолските компании и нивните производи во многу сегменти и области се конкурентни на пазарот на трудот не само во земјава и на Балканот, туку и во Европа, па затоа е добро нивниот пласман да може уште повеќе да се прошири, беше истакнато на денешната средба на економските промотори во странство и битолските стопанственици, чиј домаќин беше градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.
Градоначалничката Петровска ја поздрави иницијативата на Директоратот за економска и јавна дипломатија при МНР и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кои заедно со македонските економски советници во странство, им понудија поддршка на битолските стопанственици за дополнително проширување на извозот на нивните производи.
На информативната средба, покрај градоначалничката Наташа Петровска и заменик градоначалничката Емилија Костурски, учествуваа директорот на “ДЕЈД“ Игор Попов, директорот на “АППТ“ Љупчо Јаневски, промоторите Илија Псалтиров – Варшава, Бекри Ајдини – Абу Даби, Абдилџемил Саити – Минхен, Сузана Тунева – Анкара и Неби Ахмети, советник за меѓународна соработка и промоција на туризмот.
Од страна на битолските стопанственици учествуваа Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора, Драги Милошевски – директор на “Киро Дандаро“, Томе Тромбев – директор на “Монтинг Инженеринг“, Горан Микаровски од “Цермат“, Иванчо Велјановски од Квасара, Александар Чадиковски од “Лакталис“ и Николче Трпеновски, сопственик на хотел “Капри“.

Економските промотори на средба со стопанствениците од Битола, домаќин градоначалничката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички





