Press "Enter" to skip to content

Викторија Митевска најдобриот студент на Правниот факултет во Битола за 2020 година (фото)

Во просториите на дисперзираните студии во Битола на Правниот факултет – Кичево при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, беше одржана свечена промоција на најдобриот студент за 2020 година.  Деканот проф. д-р Горан Илиќ и додели пофалница за остварен највисок среден успех на студентката Викторија Митевска (9,67), која дипломирала во 2020 година.Одлуката за одржување на оваа свеченост ја донесе Деканатската управа на Правниот факултет – Кичево со цел воспоставување на пракса за промовирање на најдобрите студенти кои дипломираат на Факултетот со највисок среден успех, а со намера да се поттикне нивниот понатамошен развој и амбиција за остварување на уште поголеми успеси на професионален план.Ваквиот чин на уважување на најдобрите студенти од страна на Правниот факултет, треба да прерасне во традиција за оддавање на признание и почит на студентите за нивниот вложен труд и енергија во текот на студирањето. Оваа свеченост секоја година е планирано да се одржува на 31 март, со цел одбележување на денот на македонското правосудство. Но овој пат, поради COVID19 пандемијата свеченоста беше одржана на 1 јуни 2021.Инаку, на 31 март 1945 година е донесена Повелбата на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија со која се основани 25 околиски судови, 3 обласни судови со седишта во Скопје, Битола и Штип, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради тоа, 31 март се смета за ден на поставување на темелите на судството.

More from ВестиMore posts in Вести »