На 01.06.2021 во СВР Битола, П.К. (26) од Битола пријавил дека на ул.„Цане Бујуковски” во Битола бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 89 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, 8 разговарале на мобилен телефон и тројца не користеле сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.






