Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: напад на “Караорман“, опожарена куќа, 11 возачи возеле без возачка

На 04.06.2021 во СВР Битола, Б.А. (23) од Прилеп, пријавил дека на ул. „Караорман“ во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 
 
На 03.06.2021 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Мусинци, битолско, настанал пожар во куќа сопственост на П.М.. Во пожарот целосно изгорела куќата,  а повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат.
 
На 03.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, еден возач разговарал на мобилен телефон  и едно возило било со измината регистрација. За  сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

 
 
More from ВестиMore posts in Вести »