Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје о последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19, нема нови позитивни од Битола.
Регистрирани се 332 оздравени пациент од кои од Битола се 23.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во Битола до сега има 6.298 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 28 случаи.
Пријавени се вкупно 7 починати лица, нема од Битола.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 84 и преку “Плодност“ 56 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.






