Press "Enter" to skip to content

Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027 

Големата присутност и заинтересираност на денешната прва форумска сесија беа потврда на нивната заинтересираност како да се развива Битола, а зелено светло за Општината и градоначалникот дека ваквите форумски сесии се значајни за создавање Буџет по мерка на граѓаните.Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој рече дека Буџетот не е само финансиски документ, туку одраз на потребите на граѓаните и визијата за развој на Битола.-Форумот не е обична јавна расправа, туку место каде граѓаните активно учествуваат во предлагањето решенија и утврдувањето приоритети. Со ова ја потврдуваме нашата транспарентност и отчетност, преку отворена дебата за тоа како се планираат и трошат јавните средства. Сигурен сум дека заеднички ќе направиме буџет по мерка на граѓаните кој откако ќе ги помине сите административни фази ќе се најде на комисиска расправа, а потоа и на седница на Советот на Општина Битола, рече градоначалникот Коњановски.Имаше најразлични предлози и идеи од речиси сите области на живеење. Надвозник кај ОУ „Коле Канински“, асфалтирање на улици, облагородување на просторот околу објектите на факултетите во некогашната касарна, спортски терени за студентите,  Битолска градска куќа, реновирање на салата за гимнастички спортови, водоснабдување и пречистителна станица за село Нижеполе, обезбедување објект за државното музичко училиште, формирање на средно уметничко училиште и Битола да добие професионален фолклорен ансамбл. Исто така беше побарано обезбедување простор за дневен центар на деца со аутистичен спектар.На форумот стана збор за изградбата на спортската сала во Долно Оризари, за тоа до каде се работите со пливачкиот базен во ОУ „Даме Груев“, како и за потребата од реновирање на училиштето во Буковски ливади.Предлозите беа слушнати и забележани од раководителите на надлежните сектори, од претседателот на Советот Бојан Бојкоски и присутните советници кои ќе треба на крајот на годината да го гласаат Буџетот за следната година.

More from ВестиMore posts in Вести »