Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: откриени уште 4 портрети на академици од Горната Гимназија (фото)

-Невладината организација “Вљубеници во Битола“ каде член бев и јас заедно со починатиот адвокат Сотир Главинче и неколкумина други видни битолчани, покренавме иницијатива за поставување на портрети на академици кои средното училиште го завршиле во Битола, во холот на гимназијата “Јосип Броз Тито“, а кои беа дополнето со уште четири пред 10 години, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-На ова дополнување на портетите зборуваше тогашниот претседател на МАНУ, академик Георги Старделов во холот на Гимназијата “Јосип Броз -Тито“ во Битола, а потоа со пригодна свеченост беа откриени и промовирани портретите на академиците
Димче Коцо, Љубен Лапе, Александар Христов и академикот Живко Попов, вели Миновски.
Свеченоста која се одржа по повод одбележувањето на 80-годишниот роденден на писателот и поет, академикот Анте Поповски, кој, исто така, своето средно образование го заврши во Гимназијата “Јосип Броз – Тито“, а да постетам само дека Горната Гимназијата во Битола е единствена гимназија во држават во која матурирале вкупно 16 академици.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »