Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите со Ојлевски и Марковски (фото)

Еурофарм Пелистер деновиве ги продолжи договорите со двајва македонски ракометари, Гоце Ојлевски и Никола Маркоски, а двајцата се обврзаа на верност на уште една сезона и според новиот договор ќе останат во Битола најмалку до јуни 2022 година. Двајцата се “староседелци“ во Битола, Ојлески во клубот дојде во Одорхеи во 2017 година, а Маркоски од Орошази во 2018 година, а двајцата рекоа дека се радуваат на продолжувањето на договорите за останување во Битола, во Еурофарм Пелистер.Гоце Ојлевски, по потпишувањето на договорот со Еурофарм Пелистер рече:

-Нашиот клуб од година во година расте и амбициите се поголеми. Пред неколку години игравме во пониската лига, сега настапувавме во Лига Европа и мислам дека успешно се претставивме. Нема тука да застанеме, амбициите за следната сезона се поголеми и се надевам дека ќе оствариме поголеми успеси.  Не ја криеме амбицијата да ја донесеме титулата во Битола. Годинава не успеавме, но се надевам дека следната сезона со уште подобар тим, ќе го оствариме тој чекор.Клубот пред неколку дена го продолжи договорот и со Граџан.

More from СпортMore posts in Спорт »