Press "Enter" to skip to content

“Ротаракт Широк Сокак“ во соработка со “Стентон градба“ и “Фикамаго“ донираше велосипеди за деца од социјални категории (фото)

Во рамки на проектот за снабдување со велосипед на социјално загорзени деца до 15 години, Ротаракт Широк Сокак од Битола подарија 25 велосипеди во соработка со “Стентон Градба“ и ФИКАМАГО, две компании од Битола.

-Како инспирација за овој проект е фактот што многу семејства не можат да ги задоволат основните потреби за живот, а не да посветат внимание на физичкото, рекреативното здравје и спорт на нивните деца, како и социјалниот живот и дружење со нивни врсници. Проектот ќе помогнe на многу семејства да добијат велосипед во нивното семејство. Истражувањата покажуваат дека не постои проект или донација од овој тип, никој не вложува средства бидејќи се смета за област од низок прироитет. Затоа не радува дека како клуб придонесуваме за подобро општество, рече Јане Велкоски, од Ротаракт Широк Сокак.-Во годината во која што одбележуваме 30 години од отворањето на продавницата и сервис за велосипеди “ФИКАМАГО“, чест и задоволство е што сме партнери во овој социјален проект, наменет за деца до 15 годишна возраст, рече  Марија Таневска, од “ФИКАМАГО“ Битола.

-Се надеваме дека оваа проект-акција ќе биде инспирација за организирање на уште многу голем број на вакви донации. Се надевам дека од септември 2021, мојот клуб, под менторство на новиот претседател ќе реализира уште вакви еко-акции, нагласи  Дејан Петровски, претседател 2020/21 на “Ротаракт Широк Сокак“.И од Стентон Градба“ се задоволни што ќе им помогнат на децата од социјалните категори, а и ќе им го направат летниот распуст поубав. Гоце Стојановски од оваа компенија рече:

-Како општествена одговорна компанија, секогаш се водиме од принципи кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на живеење во нашиот град. Мило ми е што имав прилика да бидам спонзор, партнер на оваа донаторска вело акција, наменета за деца до 15 години.