Press "Enter" to skip to content

УМС на ВМРО-ДПМНЕ прослави 30 години постоење во Хераклеја кај Битола (фотогалерија)

Во анфитеатарот на Хераклеја, кај Битола, вечерва Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира трибина под наслов „Ние сме иднината“, ма која присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и неговите најблиски соработници, пратеничката Силвана Ангелевска, советници, престедателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Пеце Милевски, а домаќин беше претседателот на УМС од Битола – Марко Јосифовски.На трибината се обратија Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски.-Добар ден, Унијо на млади сили, добар ден до победничкиот и најсилниот политички подмладок во Македонија! Оваа 30-та Годишна конференција на УМС преставува значаен јубилеј за сите членови, кои поминале низ УМС, кои 30 години од генерација на генерација го пренесуваме аманетот, работиме за Македонија, работевме и ќе работиме за генерациите млади кои доаѓаат.Оваа Годишна конференција се организира во една исклучително сложена политичка ситуација во која Македонија е втурната од страна на власта. Проблемите кои ги создаде оваа власт се понижувачки за народот и со далекусежни последици. УМС е организација која од ден на ден расте и ќе продолжи да расте. Унијата ќе се грижи за сите прашања кои ги засегаат младите и предизвиците кои ги носи модерното живеење, рече Попов и додаде:Идеалите на ВМРО се оние за кои ние отсекогаш сме се залагале и ќе продожиме да го правиме тоа, ќе одговараме на прашањата кои го засегаат целиот свет и ќе се приспособуваме на предизвиците на 21-от век.  Затоа, Ве повикувам сите да ни се придружите. Нека различностите не спојат во точката која не води до целта, а целта е рушење на оваа власт и иднина каква што заслужуваме.Пред УМС на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кажа дека власта води кампања за лажни стереотипи и лажни патриоти.-Власта на Заев преку ограничување на слободата, диктирањетто на тези преку ваквите пара-аналитичари и со силно присуство и замешателство на државни полициски структури се создава лажен амбиент во кој бранењето на националите интереси треба да биде нешто што е погрешно.Нивната цел е кога ќе се каже зборот патриот или Македонија, секој оној кој тоа го збори да се оцрни дека е квази патриот кој брани некаков криминал. А не е така. Ваквите стереотипи на оцрнувања и лаги и лажни вести Власта ги прави за да ја деградира нашата борба, а на тој начин да го заштити нивниот криминал. Тие сакаат да мислите дека сите сме извалкани со истата кал.Постојано да сте разочарани од политичарите со девизата „сите се исти“. А не сме исти. Дури ни целото СДСМ не се исти, туку се заглавени и киднапирани од триесетина души, на чело со Вице, Зоки, Рада, Путерот и Оли. Е, затоа народот треба да биде високо свесен за лагите кои ги пласира и пропагандата на власта преку силен притисок за националните, општествените или економските прашања, за онаа вештачка дебата на власта изразена во она стандардно прашање: „А, вие што направивте? А, каде бевте кога Заев ја продаваше Македонија?“ Еве, ќе ви кажам: Се боревме и ќе продолжиме да се бориме. Ете тоа е одговорот, истакна Мицкоски.