Во организација на шаховскиот клуб “Стево Патако“ од Битола, а со поддршка на кафулето “Везилка“ од Битола, вчера се одржа брзопотезен турнир во шах за младинци . На овој прв ваков турнир по попуштање на ковид мерките уцествуваа 22 млади шахисти.
После седум интересни кола најдобар беше Марјан Христовски од Битола, пред второпласираниот Зоран Јовановски и третопласираниот Ивица Сековски, а со резултатите од сите седум кола беше прогласен за победник на турнирот.
-По повеќе од година дена ги “отворивме“ шаховските табли и започнавме со натпреварувачката програма. За жал поради ковид мерките и забраната за групирање во затврорен простор, шаховскиот клуб “Стево Патако“ беше затворен и сега започнуваме со натпревари и тренинзи на отворена, а прв ваков настан го организиравме со кафулето “Везилка“ покрај Драгорот, вели претседателот на ШК “Стево Патако“ од Битола, Сашко Павловски, кој додаде:
-Секако хит на турнирот беа двете женски такмичарки, Ана Марија Нечова и Наде Смилевска. Тие ги освоија симпатиите на гледачите и добија и заслужени награди.
Со организацијата на овој брзопотезен шаховски турнир ШК “Стево Патако“ продолжува со организација на вакви турнири за најмладите категории со цел приближување на шахот до што поголем број на млади битолчани.

Брзопотезен шаховки турнир на ШК “Стево Патако“ од Битола, победник Марјан Христовски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Таму најгоре, “Лазарополе цути – 2026“ фестивал на нарцисот по 12. пат (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со ново засилување, Едвин Џелиловиќ нов среден бек
- Кадетите на Пролет први, Еурофарм Пелистер третопласирани на “Ф4“ кој се одржа во Битола (фото)
- Во Битола сончево и топло, температурата до 24 степени
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)

More from СпортMore posts in Спорт »
- Кадетите на Пролет први, Еурофарм Пелистер третопласирани на “Ф4“ кој се одржа во Битола (фото)
- Пелистер со победа над Башкими во регулатниот дел, за бараж за опстанок ќе игра против Шкендија Арачиново
- Бронза за крај – Пелистер ја доби мајсторката со ТФТ
- Најдобриот стрелец во Словенија ќе “дава“ голови за Еурофарм Пелистер
- “Траилко“ на 14 јуни кај Нижеполе, пријавувањето до 6 јуни








