Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистриран е 4 нов случај на КОВИД-19, во кои нема нов слулај од Битола.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од кои нема од Битола.
Во Битола осатнуваат истите бројки 6.304 досега позитивни лица, а активни 18 случаи.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Пријавено е 1 починато лице од Скопје.
Вчера во Битола преку ЦЈЗ Битола и “Плодност“ не беа направени ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.






