Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: стил на родителство “беспомошен родител“

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Доаѓа време на летен распуст кога не само децата туку и родителите се помалку оптоварени со школските обврски, па затоа овој период треба да биде подготвителен и за родителите кои имаат повеќе време да размислат, да станат свесни за својот стил на родителство или за тоа како се однесуваат кон своите деца во воспитанието.

Со неколку примери на карактеристики за стиловите на родителство во наредни тектови ќе се обидеме да им помогнеме на родителите кои сакаат да станат свесни за својот стил на родителство и да видат како се однесуваат кон децата, како ги воспитуваат. Потоа, како да најдат начин и тие да се променат, зошто и „Родителството се учи“.

Родителите доаѓаат од семејства со различен стил на родителство

-„Ти го разгалуваш детето и се му е допуштено“, „Прави што сака?“„Ти се му забрануваш“ ….„Заради тебе детето е вака воспитано“….или После физичко казнување „ Дојди кај мама (тато) што сакаш да ти дадам?

Овие примери укажуваат на различни стилови на родителство. Препирки помеѓу двата родители се чести, тие укажуваат на различен стил на родителство кој секој родител го поседува. Имено двата родители доаѓаат од семејства каде ги воспитувале родители со одреден стил на родителство. Заради тоа ние како родители поседуваме стил на родителство кој сме го превзеле од своите родители и одрастување во едно семејство. И ние обично го превземаме стилот на нашиот родител и правиме како што ни е правено нам или сосема спротивно може да завземеме спротивен стил на родителство. Пример ако одрастувањето во прекрута средина на авторитарен родител, и не ни било добро (пријатно) тогаш ние на своите деца им пружаме многу малку структура и завземаме стил на попустлив родител.

Карактеристики на „Беспомошен родител“

Стил на родителство во популарната психологија, како да се препознае? Тука ќе споменеме еден вид воспитен стил на родителство кој се забележува кај некои родители кај кои физичко казнување им служи како илузија дека родителот поставил граници, а всушност во реалноста, во однесувањето и доследноста на родителот го нема. Значи родителот му „попува“со долги објаснувања, или го удира (физичко казнува ) детето, го навредува, кога направи нешто погрешно. А да и самиот родител попушта секој ден во навиките кои сака да ги изгради кај своето дете во своето семејство, на пример:

-Во користење на технологија

-Во воспоставување на здрави навики во исхрана

-Во правила за излегување во однос на (кога да излегува и доаѓа дома, каде, со кого …

-Во однос на навики за доцнење…

-Во учење, постигањата и оценките на училиште и.т.н.

Родителите со овој стил на воспитување се попустливи покрај ова и за многу други работи, за кои и самите не би сакале да попуштаат. Тие самите не се доследни да ја испочитуваат сопствената одлука. Со тоа како ќе ја испочитува и нивното дете? Како што тие и очекуваат. Заради ова таквиот родител често се чувствува беспомошно во поставување на граници. Со тоа таквиот стил на родителство во популарната психологија го добил името или се нарекува „беспомошен родител“.

Влијание или ефекти на овој стил на родителство врз менталното здравје на детето Попустливоста која доведува до тоа да не се постават граници во воспитувањето многу често знае да доведе до бес и немоќ кај родителот кој смета дека со физичко казнување (тепање) или освен ќотек, се почесто со ист ефект по менталното здравје на децата и подоцна на возрасен човек се јавува и викање или предолго компликувано, упорно објаснување од страна на родителот, за да се воспостави контрола на однесувањето. Всушност и самиот родител во своето однсување не е доследен, не ги почитува своите граници и не се држи до своите зборови. Таа недоследност и беспомошност од една страна и агресивниот начин на однесување од друга, праќа збунувачки пораки кон детето и доведува до:

– внатрешни конфликти и преголемо чувство на вина и кривица кајкај детето

– намалена базична сигурност

– живот во постојан тивок страв ,

– анксипозност, бес, омраза, зајадливост

– развој на комлплекси и завидливост, омраза спрема сите кои се посилни, односно попаметни, подобри, поуспешни, поубави, побогати…

„На овој родител му е потребна поддршка, а не осудување од околината“, вели Сунчица Јовановик психотерапевт и советува: Врз основа на горекажаното ако се прпознавте во: улога на родител запрашајте се како се однесувате и колку сте доследни во поставување на правила и граници? Значи најважно е како се однесувате и колку сте сами доследни, тогаш нема да ви се потребни техники. Ако и сами не сте во доволна мерка истрајни секоја техника нанесува штета по менталното здравје на детето во помала или поголема мера, и зависи и од уште многу фактори. Не е доцна да се промените и поправите својот однос кон своето дете или возрасна личност. Со поврзување, кон љубов однос кој ги засилува сите страни, а не да ги слаби. Ако се препознавте во улога на дете чии родители имале ваков стил на воспитување, физички ве казнувале (тепале), ви објаснувале до бесконечнсот, а потоа се ви дозволувале и попуштале.

Можно е со работа на себе, психотерапија да си ја олеснете тежината на чувството на вина, кривица, збунетост и цел микс на чувства кои ги носите, а не знаете ни кога, зошто или така се чувствувате. Можно е да со упорност, и тоа онаа упорност која не сте ја виделе кај своите родители, па и самите не ја знаете за да бидете упорни, но таа немора да ви биде непозната. Со работа на себе низ психотераписки работа можете да ги отсраните кочниците во својот живот и потоа да дојдете до правлно и јасно размислување.

More from СпортMore posts in Спорт »