Press "Enter" to skip to content

Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо

Вечерва во Битола со почеток во 20,45 часот во Битола Еурофарм Пелистер ја отвора новата европска сезона и дебито во Европската лига со амбиции да обезбедат позитивен старт во групата. Како и повеќето тимови од Шпанија, Логроњо не се потпира исклучиво на сурова физичка сила, туку на брза транзиција, исклучително технички дотерани напади и долги, трпеливи акции со чести вкрстувања и активна игра со кружниот напаѓач.

Дуелот со кој се отвора групната фаза на Европската лига го најави Никола Митревски:

-Доста време го чекавме овој натпревар. Од самиот старт на подготовките поминаа скоро два месеци и со нетрпение последните неколку дена и недели го чекаме овој натпревар, бидејќи најубавото во спортот, во ракометот, се полна сала и убави натпревари.   Шпанците имаат доста добро технички потковани играчи коишто си играат своја игра. Знаеме дека шпанските екипи се тактички добро спремни. Работевме во изминатиов период и ние доста добро. Мислам дека сме доволно спремни да одговориме на сите нивни напади и очекувам добар натпревар од наша страна. Влегуваме на хартија како фаворит, но тоа треба да се покаже на терен, Би им порачал на фановите да дојдат, да нè бодрат, да ја наполнат спортската сала „Боро Чурлевски“. Да бидат како и секогаш наш осми играч, да покажеме дека без разлика во кој европски куп, без разлика во кое европско натпреварување настапува Еурофарм Пелистер, тие секогаш се присутни на трибините. Ја имаме најдобрата навивачка група позади нас и заедно сите да се обидеме да издвојуваме победа.