Press "Enter" to skip to content

И денес нема позитивни на ковид-19 во Битола, оздравени 2, хоспитализирани 3 пациенти, активни 16 случаи

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19, а во нив нема позитивни лица од Битола.

Денес, регистрирани се 34 оздравени пациенти од кои од Битола се две лица. 

Во Битола има досега 6.304 позитивни лица, а активни се 16 случаи.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Денес, нема починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420

More from ВестиMore posts in Вести »