Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: четворица се обиделе да стават дете во возило, физички напад во угостителски објект, сообраќајни контроли

На 14.06.2021 во 11.20 часот во СВР Битола, Б.Ј. (37) од Битола пријавила дека на 13.06.2021 околу 21.00 часот на ул. „Охридска“ нејзиниот малолетен син, додека бил со негови роднини, бил физички нападнат од четири лица, кои се обиделе да го стават во патничко возило, но биле спречени во намерата од неговиот чичко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.06.2021 во СВР Битола, Н.Н.(63) од Битола пријавил дека во угостителски објект на ул.„Далматинска“ во Битола бил физички нападнат од Н.Н.(44) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.06.2021, на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 15 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, осум возачи разговарале на мобилен телефон и едно возило било технички неисправно. Под дејство на алкохол управувал еден возач и тој бил исклучен од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »