На 15.06.2021 во СВР Битола, Ф.П. од Битола пријавил дека околу 12.50 часот на бул.„1-ви Мај“ физички бил нападнат од Е.П. (75) од Р.Грција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.06.2021 во СВР Битола, Б.Ј. од Битола пријавил дека на крстосница од ул.„Димитар Илиевски Мурато“ со ул.„Никола Тесла“ во Битола бил физички нападнат од неколку помлади лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.06.2021 во СВР Битола, Т.О.(72) од село Единаковци, општина Демир Хисар, со живеалиште во Битола, пријавил дека во Градскиот пазар во Битола едно лице од џебот му одзело пари. Според пријавеното, тој го забележал и успеал да го стигне сторителот, кој, притоа ги искинал парите и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека осум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, пет возачи разговарале на мобилен телефон, еден возач управувал возило под дејство на алкохол и бил исклучен од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.