Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: поставен споменикот на Филип Втори на “Магнолија“ во Битола (фотогалерија)

-По долги одлагања и пролонгирања во Битола, точно пред 10 години, на 20 јуни 2011 година, на плоштадот “Магнолија“ во раните утрински часови, поставувањето започна во 5 часот, беше поставен на постаментот, кој беше претходно подготвен, како дел од споменичниот комплекс “Филип Втори“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство. На чинот на поставувањето на споменикот на Филип Втори присуствуваше и авторот на споменикот Ангел Коруновски од Велес, а како имам запишано во мојот новинарски бележник, споменикот на Филип Втори во бронза беше излиен во леарница во Нови Сад.-Споменикот на Филип Втори, претставен како коњаник, го постави екипа на јавното претпријатие “Нискоградба“ од Битола, со добра подготвка, а на поставувањето имаше и голем број битолчани, кои наместо својата утринска прошетка до Тумбекафе ја заменија со гредање на поставувањето, вели Миновски, кој додава дека имало и голем број на наши иселеници кои тој период беа на гости во Битола.Инаку, споменикот на Филип Втори подолго од две години се наоѓаше во дворот на Општината пред да биде поставен на гранитниот постамент на плоштадот “Магнолија“, а за тој период имаше и доста контраверзи и политизирања, кои особено беа “дежурна тема“ во Битола.